• недела, 22 декември 2024

Биелса не исклучи можност дека ќе остане засекогаш во Лидс

Биелса не исклучи можност дека ќе остане засекогаш во Лидс
Лондон, 12 март 2021 (МИА) – Тренерот на Лидс, Марсело Биелса изјави дека може да биде тренер на клубот до крајот на кариерата. - Секогаш мислам дека засекогаш ќе останам во клубот во кој работам. Секој ден очекувам да го поминам остатокот од мојата кариера во Лидс. Во исто време, честопати други се мешаат во нашата професија. Тренери постојано добиваат откази, тие ретко остануваат во ист клуб подолго време, изјави Биелса за „Goal“. Лидс е 11-ти во поредокот во Премиер лигата со 35 бода по 27 одиграни натпревари. Договорот на 65-годишниот аргентински фудбалски стручњак со Лидс важи до крајот на јуни 2021 година. зс/

Остани поврзан