• четврток, 14 ноември 2024

Биелса го носи Гризман во Атлетик Билбао

Биелса го носи Гризман во Атлетик Билбао
Мадрид, 17 јуни 2022 (МИА) – Аргентинскиот фудбалски стратег Марсело Биелса најави дека доколку биде поставен за тренер на Атлетик Билбао ќе го донесе во редовите на баскискиот клуб францускиот напаѓач Антоан Гризман. Името на Биелса се споменува како можен нов тренер на Атлетик Билбао, откако еден од кандидатите за претседател на клубот, Инјаки Аречабалета, го најави тоа во случај да победи на претседателските избори. Биелса е без ангажман од февруари годинава кога доби отказ во премиерлигашот Лидс. Според шпанските медиуми, Биелса веќе се договорил со Гризман, кој му ветил на аргентинскиот стратег дека ќе ја продолжи кариерата во клубот од Баскија. Гризман има договор со Атлетико Мадрид до 30 јуни. ег/ми/

Остани поврзан