• недела, 22 декември 2024

Би-Би-Си го откажа интервјуто со Борис Џонсон откако по грешка му беа испратени белешки

Би-Би-Си го откажа интервјуто со Борис Џонсон откако по грешка му беа испратени белешки

Лондон, 3 октомври 2024 (МИА) - Би-Би-Си го откажа интервјуто со поранешниот британски премиер Борис Џонсон, откако водителката Лора Кунсберг по грешка ги испратила своите белешки наменети за нејзиниот тим.

Како што објави „Гардијан“, Кунсберг рече дека по грешка му ги испратила белешките на Џонсон „во порака наменета за нејзиниот тим“.

Поранешниот политички уредник на Би-Би-Си рече дека тоа е „срамно и разочарувачко“.

Интервјуто требаше да се емитува денеска во 19:30 часот на Би-Би-Си Уан и беше наведено како прво големо интервју на Џонсон откако ја напушти премиерската функција.

Се очекуваше Џонсон да зборува за Брегзит, за справувањето на неговата влада со пандемијата „Ковид-19“ и скандалот со лидерите на неговата партија кои организираа забави за време на забраната на пандемијата за јавни собири.

Џонсон, кој беше премиер на Велика Британија од 2019 до 2022 година, напиша мемоари „Freed“, кои ќе бидат објавени следната недела.

Портпаролот на Би-Би-Си рече дека ненамерниот потег го направил интервјуто „неодржливо“ и дека и тимот на Би-би-си и Џонсон се согласиле да го откажат.

Портпаролот на Борис Џонсон одби да го коментира настанот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан