• четврток, 21 ноември 2024

Бејл, кој го пропушти Класико поради проблеми со грбот, тренира без ограничувања во репрезентацијата на Велс

Бејл, кој го пропушти Класико поради проблеми со грбот, тренира без ограничувања во репрезентацијата на Велс
Кардиф, 23 март 2022 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл тренира со репрезентацијата на Велс без ограничувања и покрај тоа што викендот го пропушти дербито со Барселона. Крилниот напаѓач на Реал не беше вклучен во составот за натпреварот од 29. коло на Ла Лига (0:4), жалејќи се на болки во грбот. Сепак, на почетокот на оваа недела, 32-годишниот фудбалер се приклучи на репрезентацијата која ќе учествува во баражот за Светското првенство во 2022 година. Се очекува Бејл утре да игра против Австрија. Тој нема играно за Реал Мадрид од 15 февруари. зс/

Остани поврзан