Бејл би можел да се пензионира доколку Велс не успее да се квалификува за Мундијалот 2022
- Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл наскоро би можел да стави крај на професионалното играње.

Кардиф, 26 март 2022 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл наскоро би можел да стави крај на професионалното играње.
Според „Cope“, фудбалерот е подготвен да се пензионира доколку неговата репрезентација не успее да се пласира на Светското првенство во 2022 година.
Вчера Велс ја победи Австрија со 2:1 во полуфиналето од квалификациите за турнирот. Двата гола ги постигна 32-годишниот Бејл. Во финалето на баражот Велс ќе се сретне со победникот од двојката Украина – Шкотска.
Претходно беше објавено дека играчот има намера да ја заврши кариерата во Тотенхем. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година и како позајмен минатата сезона. зс/