• вторник, 25 јуни 2024

Бешикташ се одлучи за Ван Бронхорст

Бешикташ се одлучи за Ван Бронхорст

Истанбул, 5 јуни 2024 (МИА) - Холанѓанецот Џовани Ван Бронхорст денеска беше назначен за нов тренер на турски Бешикташ.

Фенербахче завчера потпиша со Жозе Мурињо и го привлече целото медиумско внимание, но Бешикташ некако тивко потпиша тригодишен договор со поранешниот тренер на Глазгов Ренџерс, по сезона која не помина најдобро и каде беа сменети пет тренери (Гунеш, Јолмаз , Калимбај, Топрактепе, Фернандо Сантос).

По одличната играчка кариера, Ван Бронхорст ги постави темелите за новиот подем на Феенорд на почетокот на својата тренерска кариера, каде во периодот од 2015 до 2019 година освои титула, два купа, два Суперкупа.

Одењето во Гуангжу, Кина беше грешка, но затоа тој доста добро раководеше со Глазгов Ренџерс од ноември 2021 до ноември 2022 година. Го освои Купот на Шкотска, играше и го загуби финалето на УЕФА Лига Европа. Оттогаш нема работа, но Бешикташ верува во неговите методи на работа и затоа е потпишан тригодишен договор. дс

Фото: Архива

Остани поврзан