• четврток, 26 март 2026

Бесплатен интернет на Градскиот плоштад во Куманово

Бесплатен интернет на Градскиот плоштад во Куманово

Куманово, 11 март 2026 (МИА) - Граѓаните и посетителите можат да се поврзат на бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово, информираа денеска од општината.

-Wi – Fi мрежата е поставена во рамките на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од германската агенција за меѓународна соработка (GIZ), како дел од проектот EU4Digital, наведуваат од општината.

Со овој проект Куманово добива сеопфатен пакет што опфаќа опрема, инсталација, поврзување и одржување на Wi-Fi мрежа, обезбедувајќи и непосреден ефект и долгорочна одржливост. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ државата и Западен Балкан. Куманово е една од општините кои ќе добијат WiFi4WB мрежа по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7000 локации низ државите-членки на Европската Унија.

-Со оваа поддршка Општина Куманово продолжува да ги унапредува јавните услуги за граѓаните и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница, велат од општина Куманово. ам/вј/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан