• петок, 05 декември 2025

Бесплатен влез за дуелот на македонските кошаркарки со Данска

Бесплатен влез за дуелот на македонските кошаркарки со Данска

 

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) – Влезот за воведниот натпревар на македонската женска кошаркарска репрезентација против Данска во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе биде бесплатен.

Дуелот е закажан за утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

„Ги повикуваме сите искрени љубители на кошарката, и фанови на нашата најдобра женска репрезентација да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на девојките во овој натпревар, за кој влезот ќе биде слободен“, соопшти македонската кошаркарска Федерација (КФСМ).

Македонските кошаркарки се дел од квалификациската група Ф во која се и репрезентациите на Грција и Хрватска. ег

ФОТО: КФСМ/Фејсбук

Остани поврзан