• четврток, 26 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бесент: Шпанија мора да троши повеќе за одбрана за да ги исполни обврските од НАТО

Бесент: Шпанија мора да троши повеќе за одбрана за да ги исполни обврските од НАТО

Вашингтон, 16 април 2025 (МИА) - Американскиот министер за финансии Скот Бесeнт се сретна со шпанскиот министер за економија Карлос Куерпо во Вашингтон и рече дека Мадрид мора да потроши повеќе за одбраната за да ги исполни своите обврски кон НАТО.

На состанокот во вторникот, Бесeнт „ја истакна потребата од поголеми трошоци за одбрана на Шпанија во контекст на НАТО“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Бесeнт зборуваше и за шпанскиот „данок за дигитални услуги“, кој ги принудува големите технолошки компании да плаќаат повеќе даноци и за кој Белата куќа верува дека неправедно ги таргетира американските технолошки гиганти, како и за „другите нетарифни бариери“ наметнати на Соединетите Aмерикански Држави.

По состанокот со Бесант, Куерпо рече дека е уверен дека САД се отворени за преговори со ЕУ за трговија и царини и дека сакаат да склучат договор пред истекот на мораториумот во јули. паг/



 

 

Остани поврзан