• среда, 25 декември 2024

Беса: Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е разрешена спротивно на законот и демократските вредности

Беса: Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева е разрешена спротивно на законот и демократските вредности

Скопје, 25 април 2023 (МИА) - На денешната седница на Судскиот совет, претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, беше арбитрарно разрешена, спротивно на законот и демократските вредности, само затоа што на дневен ред стави точка за отчет на судиите кои го застарија делото за Мијалков, смета партијата Беса.

Од партијата велат дека со ова се потврдува дека судството е заробено од владејачките партии СДСМ и ДУИ.

-  Денеска уште еднаш се потврди дека сите судски одлуки кои ги носи највисокиот орган во рамките на судската власт, Судскиот совет, се носат по наредба на политичките партии кои се на власт, истакнаа од Беса.

Партијата ги повикува меѓународниот фактор и граѓанскиот сектор, заедно со опозицискиот политички фактор на борба против, како што се вели во соопштението, оваа анархија и арбитрарност во рамките на судската власт. сх/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан