• понеделник, 23 декември 2024

Берни Сандерс го повика Конгресот да го блокира пакетот воена помош за Израел

Берни Сандерс го повика Конгресот да го блокира пакетот воена помош за Израел

Вашингтон, 3 јануари 2024 (МИА) - Влијателниот американски сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел и ја осуди израелската воена кампања во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.

Сандерс, прогресивен еврејски пратеник од сојузната држава Вермонт, во објава на платформата Х кажа дека војната во Појасот Газа беше предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел е „грубо непропорционален, неморален и спротивен на меѓународното право“.

„Доста е. Даночните обврзници на САД повеќе не смеат да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, напиша Сандерс, пренесен од „Тајмс оф Израел“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан