• понеделник, 25 ноември 2024

Берлин до Варшава: Германските системи за воздушна одбрана „Патриот“ се наменети за територијата на НАТО

Берлин до Варшава: Германските системи за воздушна одбрана „Патриот“ се наменети за територијата на НАТО
Берлин, 24 ноември 2022 (МИА) -  Берлин денеска јасно стави до знаење дека системите за ПВО „Патриот“ што предложи да и ги обезбеди на Полска се наменети за употреба само на територијата на НАТО, спротивставувајќи се на барањата на Варшава системот да биде испратен во Украина. „Овие системи Патриот се дел од интегрираната воздушна одбрана на НАТО, што значи дека се наменети да бидат распоредени на територијата на НАТО“, рече германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во Берлин. „За распоредување надвор од територијата на НАТО ќе бидат потребни претходни дискусии со НАТО и сојузниците“. Берлин и го понуди на Варшава системот за ПВО „Патриот“ за да и помогне на Полска да го обезбеди нејзиниот воздушен простор откако проектил падна на полска територија минатата недела, при што загинаа две лица. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак вчера изјави дека побарал од Германија наместо тоа да го испрати „Патриот“ во Украина. зш/

Остани поврзан