Бериша бара техничка влада пред изборите, за социјалистите неоснована политичка желба
Тирана, 6 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Демократската партија, Сали Бериша изјави дека опозицијата инсистира на формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори, додавајќи дека „во 2025 година е наш ред да победиме“.
Бериша во телевизиско интервју рече дека опозицијата нема да ги бојкотира парламентарните избори и оти ќе направи се за да го отстрани Еди Рама од власт.
Од друга страна социјалистите сметаат нема причина за формирање техничка влада а ова барање на опозицијата го оценува како „неоснована политичка желба“.
-Технички влади се формираат само кога земјата се соочува со големи кризи. Ова е политичка желба која не се заснова на политичка реалност, закон или политичка традиција, рече меѓу другото Дамиан Ѓикнури, коментирајќи го барањето на опозицијата.
Парламентарните избори, 11-ти по ред, по падот на тоталитарниот режим ќе се одржат на 11 мај следната година, датум кој со уредба вчера го одреди шефот на државата Бајрам Бегај.
По последните три изборни циклуси, од 2013 година наваму, победник на изборите се социјалистите. вт/
Фото: Бериша/Ѓикнури ФБ