Беретини се повлече од Вимблдон поради коронавирус
- Италијанскиот тенисер Матео Беретини поради добиен позитивен тест на коронавирус се повлече од Грен слемот Вимблдон пред натпреварот од првото коло против Кристијан Гарин.
Лондон, 28 јуни 2022 (МИА) – Италијанскиот тенисер Матео Беретини поради добиен позитивен тест на коронавирус се повлече од Грен слемот Вимблдон пред натпреварот од првото коло против Кристијан Гарин.
- Со скршено срце објавувам дека нема да можам да се натпреварувам на Вимблдон поради позитивен тест за ковид. Имав симптоми слични на грип и во изминатите неколку дена бев во самоизолација. Иако симптомите не беа сериозни, наутро направив уште еден тест за да не ги загрозам моите колеги и другите луѓе вклучени во турнирот. Немам зборови да го опишам разочарувањето што го чувствувам. Мојот сон за оваа година е уништен, но ќе се вратам посилен, напиша Беретини.
Италијанецот ги освои турнирите во Штутгарт и Лондон пред стартот на Вимблдон 2022.
Претходно, поради Ковид од Грен слемот во Лонодн се повлече и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ. зс/