Бербок денеска ќе биде избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН
- Гласањето ќе се одржи на пленарна седница со учество на 193 држави членки на ОН, а изборот се смета за формалност.
Њујорк, 2 јуни 2025 (МИА) - Генералното собрание на Обединетите нации денеска ќе ја избере поранешната министерка за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, за своја нова претседателка, јави агенцијата ДПА.
Бербок е единствен кандидат за оваа позиција, која претежно има претставничка улога и мандат од една година.
Гласањето ќе се одржи на пленарна седница со учество на 193 држави членки на ОН, а изборот се смета за формалност.
Нејзиното официјално стапување на функцијата се очекува на 9 септември, непосредно пред почетокот на општата дебата на 80. сесија на Генералното собрание. ссм/
фото: архива