• среда, 20 ноември 2024

Бен Симонс ќе ги бојкотира тренинзите и натпреварите на Филаделфија

Бен Симонс ќе ги бојкотира тренинзите и натпреварите на Филаделфија
Филаделфија, 21 септември 2021 (МИА) - Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, нема да се јави во тренинг кампот, кој се отвора следната недела, и не планира да игра за тимот, објави инсајдерот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски. Симонс ги кажал своите намери на состанокот со претставниците на Филаделфија кон крајот на август, по што немал контакти со тимот. Играчот е свесен за санкциите што клубот може да му ги наметне, вклучително и парична казна. За потсетување, во текот на летото имаше информации дека 25-годишниот плејмејкер се обратил до раководството на Филаделфија со барање да го разменат. Инсајдерот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст во септември објави дека 76-те ќе имаат можност да го казнат Симонс со 227 000 долари за секој ден пропуштен ден во клупската тренинг-база. Во регуларната сезона 2020/21, Симонс одигра 58 натпревари од вкупно 72 и оствари просек од 14,3 поени 7,2 скока и 6,9 асистенции. Максималниот договор на Австралиецот со Филаделфија важи до 2025 година, за следната сезона Бен треба да заработи приближно 33 милиони долари. зс/

Остани поврзан