Бен Арфа потпиша за Ваљадолид
- Францускиот фудбалер од средниот ред Атем Бен Арфа се пресели во Ваљадолид, објави клубот на својата веб-страница.

Мадрид, 28 јануари 2020 (МИА) - Францускиот фудбалер од средниот ред Атем Бен Арфа се пресели во Ваљадолид, објави клубот на својата веб-страница.
Триесет и двегодишниот Французин се обврза да игра за шпанскиот клуб до крајот на сезоната.
Бен Арфа нема официјалните натпревари осум месеци. Од 1 јули тој беше со статус на слободен агент откако го напушти Рен.
Ваљадолид по 21. коло го зазема 16. место во Ла Лига со 22 бода. зс/