• сабота, 04 мај 2024

Бензема не се вклопува во тактички стил на тренерот на Ал-Итихад

Бензема не се вклопува во тактички стил на тренерот на Ал-Итихад

Џеда, 23 август 2023 (МИА) - Тренерот на Ал Итихад им кажа на раководството дека Карим Бензема не се вклопува во неговиот тактички стил.

 

За проблемот на напаѓачот на Ал-Итихад со тренерот на тимот Нуно Еспирито Санто, објави „Asharq Al-Awsat“. Според медиумот од Саудиска Арабија, португалскиот специјалист му рекол на раководството дека 35-годишниот Французин не се вклопува во неговиот тактички стил. Тој првично не побара од клубот да го ангажира Бензема.

 

Покрај тоа, по доаѓањето во клубот, Французинот се надеваше дека ќе ја добие капитенската лента, но тоа не се случи.

 

Бензема летово се пресели во Ал Итихад. За тимот одигра два натпревари на кои постигна една асистенција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан