• петок, 22 ноември 2024

Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија

Белорусија почна големи воени вежби во близина на Полска, Украина и Русија

Минск, 21 јуни 2024 (МИА) - Белорусија почна големи воени маневри во два нејзини јужни региони - Брестка, која граничи со Полска и Украина и Гомелска, која граничи со Русија и Украина, јави ДПА.

Министерството за одбрана во Минск не даде информации за бројот на мобилизирани војници и опрема, но соопшти дека се вклучени оперативни командни единици, специјални сили, ракетни трупи, артилерија, авијација и противвоздушна одбрана.

Во првиот дел од вежбите војниците ќе бидат распоредени на полигони и ќе ги зајакнат позициите, а потоа ќе започнат и вистинските борбени вежби.

Локациите на вежбите беа посочени во регионите Брестка и Гомелска, кои граничат со Украина од север.

На почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина во 2022 година, некои од нејзините сили нападнаа од Белорусија. Москва исто така располага и со тактичко нуклеарно оружје во Белорусија. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан