• среда, 15 мај 2024

Белингем целосно закрепна од повредата

Белингем целосно закрепна од повредата

Мадрид, 29 февруари 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем повеќе не чувствува болка во зглобот, пренесува „Diario AS“.

Се очекува во многу скоро време да стане јасно дали фудбалерот ќе може да учествува на натпреварот против Валенсија во шпанското првенство, кој ќе се одигра на 2 март.

Шпанските медиуми објавија дека 20-годишниот Англичанец со голема веројатност ќе го започне натпреварот против Лајпциг во Лигата на шампионите.

Оваа сезона фудбалерот постигна 16 гола и е најдобар стрелец на турнирот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан