• вторник, 16 април 2024

Белингем ги одбил сите понуди поради Ливерпул

Белингем ги одбил сите понуди поради Ливерпул

Лондон, 8 февруари 2023 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец Џад Белингем одбил вносни понуди од Челзи, Реал Мадрид и ПСЖ, бидејќи сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Белингем (19) има договор со Борусија до лето 2025 година, а неговата пазарна вредност се проценува на околу 110 милиони евра.

Борусија сака да го задржи Белингем и да му понуди годишна плата од 15 милиони евра со што Англичанецот би бил најплатен фудбалер во историјата на клубот од Дортмунд.

Сепак, како што тврдат британските медиуми, главна цел на Белингем е да го облече дресот на Ливерпул, а евентуалниот трансфер ќе зависи од тоа дали премиерлигашот ќе избори место во Лигата на шампиони во следната сезона. ег/јт/

Остани поврзан