• недела, 22 декември 2024

Белгија ја става кризата на Блискиот Исток на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ

Белгија ја става кризата на Блискиот Исток на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ

Брисел, 30 октомври 2023 (МИА) - Белгија ќе ги стави прашањата поврзани со Блискиот Исток високо на агендата на следното претседателство со Советот на ЕУ, кое ќе започне на 1 јануари следната година. Ова го објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјавата на белгиската министерка за надворешни работи Хаџа Лабиб.

Според Белгија, која од Нова година треба да го преземе претседателството, „единственото можно решение се заснова на (одвојување) на две земји“.

-Денешната криза уште еднаш покажува дека мора да се создаде политички хоризонт за да се постигне трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт, засновано на меѓународното право, додаде Лабиб.

Таа прецизира дека Белгија е подготвена да се приклучи на секоја иницијатива за враќање на мировниот процес.

Лабиб вели дека мора да се направи се за да се стигне хуманитарна помош во Газа. Медиумите забележаа дека Белгија поддржува хуманитарен прекин на огнот, иако повеќето други земји од ЕУ се воздржани по ова прашање.

Минатата недела, Европскиот совет усвои повик за „хуманитарни паузи“ во размената на удари меѓу Израел и Хамас. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан