Белгија нема да има редовна влада најмалку до средината на октомври
- Белгија нема да има редовна влада најмалку до 13 октомври, кога ќе се одржат локалните избори, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на еден од водечките политичари во преговорите за идната федерална коалиција.
Брисел, 3 септември 2024 (МИА) - Белгија нема да има редовна влада најмалку до 13 октомври, кога ќе се одржат локалните избори, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјава на еден од водечките политичари во преговорите за идната федерална коалиција.
Максим Прево, кој беше задолжен од кралот Филип да бара излез од застојот во преговорите, ја оцени својата мисија како успешна. Партиите од идната коалиција вчера ги продолжија преговорите, кои започнаа по изборите во јуни, откако на 22 август Барт де Вевер, носител на мандатот и веројатно иден премиер, ги прекина средбите со своите политички партнери. Де Вевер ги обнови преговорите на почетокот на оваа недела.
Прево, претседател на партијата „Обврзани“, изрази очекување Де Вевер да подготви нова програма за владеење, откако не беше постигнат договор за прашањата за буџетот и реформите во пензискиот систем, вработеноста и даночното оптоварување. Според Прево, досегашните преговори направија напредок и по нивното обновување нема да се започне од почеток.ссм/
фото: архива