• петок, 22 ноември 2024

Белгиска компанија произведе 100 отсто вештачки дијамант

Белгиска компанија произведе 100 отсто вештачки дијамант
Бриж, 3 август 2020 (МИА) - Белгиската компанија Хијари неодамна разви технологијата за производство на 100 отсто вештачки дијаманти, со исклучително чиста структура. Научниците со децении работат на лабораториско производство на дијаманти. Професорот по експериментална физика, Кен Ханен изјави дека лабораторискиот дијамант изгледа вистински и дека дури и оние со „око на стручњак“ не можат да ја забележат разликата... Хемискиот состав и оптичките одлики се исти. Единствената разлика е цената. Синтетичкиот дијамант веќе освои два насто од светскиот пазар на накит, а меѓу попознатите љубители е и пејачката Лејди Гага. Експертите велат дека таков дијамант, којшто има својство на електричен спроводник, може да се користи и во други области, како што е технологијата за многу силни компјутерски мрежи или во енергетиката. Белгиската компанија ќе инвестира повеќе од 200 милиони евра за специјални печки во наредните десет години, со цел производство на околу 200.000 килограми синтетички скапоцени камења годишно.  си/

Остани поврзан