• сабота, 16 ноември 2024

Бела куќа: Трамп не му дава отказ на Фаучи

Бела куќа: Трамп не му дава отказ на Фаучи
  Вашингтон, 13 април 2020 (МИА) - Од Белата куќа денеска објавија дека претседателот Доналд Трамп нема намера да му даде отказ на главниот епидемиолог, д-р Антони Фаучи, иако претседателот денеска ретвитна повик да се стори тоа. -Не е убаво што се шират такви гласини по медиумите. Претседателот Трамп не го отпушта доктор Фаучи. Тој беше и ќе остане најблизок советник на претседателот, изјави Хоган Гидли, заменик прес секратар во Белата куќа. Трамп синоќа ретвитна соопштение кое содржеше „време е за отказ на Фаучи“. Твитот е на поранешени кандидат за во Конгресот од Републиканската партуја, кој ги искритикува коментарите на експертот дадени за Си-ен-ен вчера. Твитер налогот на Трамп го следат 76 милиони потписници. Седумдесет и девет годишниот Фаучи од 1984 година е раководител на Институтот за алергиски и инфективни заболувања. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан