• недела, 24 ноември 2024

Бела куќа: САД „активно работат“ за резолуција на ОН за Газа

Бела куќа: САД „активно работат“ за резолуција на ОН за Газа

Вашингтон, 21 декември 2023 (МИА)  -  САД се уште работат за резолуција на Советот за безбедност на ОН за Газа, соопшти денеска Белата куќа, по повеќекратните одложувања.

„Ние се уште активно работиме со нашите партнери во ОН за резолуцијата и за самиот јазик“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби.

Заменик-претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд, претходно изјави дека САД се уште не се во позиција за да го поддржат нацрт-текстот предложен од Обединетите Арапски Емирати.

Закочена точка се повиците за следење на помошта од ОН што влегува во опколениот Појас Газа, каде што 85 отсто од населението е раселено поради израелската воена кампања започната по нападот на Хамас во Израел на 7 октомври.

Кирби, иако одби да разговара за детали, призна дека Израел сака да ја задржи контролата над следењето на помошта.

„Израел има, разбирливо, улога во инспекцискиот режим, клучна улога, и ние го разбираме и го почитуваме тоа“, рече Кирби. зш/

Остани поврзан