• четврток, 26 март 2026

Белата куќа убедена дека прекинот на огнот може да започне в недела

Белата куќа убедена дека прекинот на огнот може да започне в недела

Вашингтон, 16 јануари 2025 (МИА) - Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа  Џон Кирби денеска изрази уверување дека договорот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас ќе почне да се применува в недела и дека   ќе бидат решени прашањата што се појавиле во последен момент.

Кирби го изјави тоа затоа што Израел се уште официјално не објавил дека е постигнат договор, инсистирајќи на тоа дека има преостанати детали што треба да се финализираат и дека палестинската екстремистичка организација Хамас поставува пречки во преговорите.

„Свесни сме за тие прашања што премиерот ги покрена денеска и работиме на нив. Нашиот тим на терен всушност работи со него и неговиот тим за да го средиме тоа и да го олесниме и да продолжиме напред“, изјави Кирби за Ен-Би-Си Њуз. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан