• сабота, 22 февруари 2025

Белата куќа со обвинувања за судиите поради слоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп

Белата куќа со обвинувања за судиите поради слоупотреба на функција бидеќи ги блокираат одлуките на Трамп

Вашингтон, 13 февруари 2025 (МИА) - Белата куќа ги обвини судиите кои блокираат некои од одлуките на Доналд Трамп за „злоупотреба на функцијата“ и „оневозможување на волјата на народот“.
„Ние ќе го почќитуваме законот во судовите“, нагласи портпаролката Каролин Левит за време на брифингот. Таа додаде дека Белата куќа ќе продолжи „да ги користи сите правни лекови за на крајот да ги поништи овие итни забрани“.
Тие коментари беа дадени еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ги осуди „високо политизираните судии“ во земјата. зш/

Остани поврзан