• петок, 20 декември 2024

Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд да го блокира укинувањето на долговите за студентски кредити

Белата куќа разочарана од одлуката на Врховниот суд да го блокира укинувањето на долговите за студентски кредити

Вашингтон, 1 јули 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден синоќа соопшти дека одлуката на Врховниот суд да ја блокира неговата уредба за простување на студентските долгови е погрешна. Републиканците пак сметаат дека таа е правилна. 

Бајден изјави дека „борбата за ова не е завршена“. 

-Планот на мојата администрација за олеснување на долговите би било појас за спасување за десетици милиони Американци кои напорно заработуваат за леб во време кога се обидуваат да се опороват од пандемијата кој се случува еднаш во столетие. Речиси 90 отсто од простеното според нашиот план би отишло на зајмувачите кои зарабатуваат 75 илјади долари годишно, ништо од тоа не би отишло кај луѓето кои заработуваат повеќе од 125 илјади. Со тоа би им се сменил животот на милиони Американци и нивните семејства. И би било добро за економскиот раст, како краткорочно така и во долгорчна перспектива, изјави Бајден. 

Планот за просутвање на студентските долгови на администрацијата на Бајден беше важна точка во нејзината економска политика и исполнување на предизборните ветувања, посебно пред младите Американци за да им се олесни бремето од земените и невратени кредити. 

Според Си-ен-ен, федералниот студентски долг во просек изнесува 37.338 долари по лице, додека приватните студентски кредити се во висина од речиси 55 илјади долари по лице. Во САД околу 45 милиони луѓе должат студентски кредити, од кои 92 отсто се федерални заеми. 

Дел од републиканците, учесници во претседателската кампања за 2024 година ја подржаа одлуката на Врховниот суд. 

Мајк Пенс, поранешен потпретседател во администрацијата на Доналд Трамп, изјави дека планот на Белата куќа за простување на долговите на Американците со пониски плати всушнпст е „помошта со која се субвенционира образованието на елитите на сметка на трудољубивите Американци“. 

Поранешната амбасадорка на САД во ОН и поранешен гувернер на Јужна Каролина, Ники Хејли, го нарече планот на Бајден за укинување на студентските долгови „узурпација на власта“ и изјави дека Врховниот суд е во право. 

-Претседателот не може едноставно да замавне со раката и да ги укине заемите на оние студенти кои тој ги претпочита, не земајќи ги в предвид сите останати кои напорно работеле да ги исплатат своите долгови или направиле друг избор во кариерата, рече таа. кб/ 

фото: МИА архива

Остани поврзан