• среда, 31 декември 2025

Белата куќа и Емпаер стејт билдинг осветлени со боите на Израел во знак на подршка на САД по нападите на Хамас 

Белата куќа и Емпаер стејт билдинг осветлени со боите на Израел во знак на подршка на САД по нападите на Хамас 

Вашингтон, 10 октомври 2023 (МИА) - Белата куќа од синоќа е осветлена во сино и бело во знак на американската подршка за Израел, а по повик на републиканскиот сенаторо од Јужна Каролина Линдзи Грем, откако во терористичите напади на Хамас во Израел загинаа повеќе од 800 луѓе. 

Ова ја „симболизира железната подршка и солидарност на американскиот народ со народот на Израел, по варварските терористички напади извршени од Хамас“, соопштија од Белата куќа, забележувајќи дека Израел и САД имаат воспоставено пријателски односи веќе 75 години. 

„Белата куќа во бело и сино вечерва. Стоиме со Израел, Бред Мекгурк, координатор за Блискиот Исток и Северна Африка“, соопшти синоќа на Х (поранешен Твитер) со фотографија со осветлената Бела куќа. 

Истото претходно го потврди и портпарлот за национална безбедност кој укажа дека Белата куќа ќе биде осветлена со боите на знамето на Израел после залезот на сонцето. Со боите на Израел синоќа беше осветлен и облакодерот Емпајр стејт билдинг во Њујорк. 

Зградите на британскиот Парламент и владата во Лондон, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј, Бранденбуршката порта во Берлин исто така беа осветлени со боите на Израел. кб/сд/

Остани поврзан