Белата куќа за налогот за апсење на Путин: Русија да одговора за воените злосторства против човештвото во Украина
- Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд.
Вашингтон, 17 март 2022 (МИА) Белата куќа излезе со коментар по повод налогот за апсење на Владимир Путин и уште едно руско официјално лице издаден денеска од Меѓународниот кривичен суд.
-Претседателот на САД, Џо Бајден претходно јасно стави до знаење дека САД работат на тоа Русија да одговора за своите ѕверства и воените злосторства против човештвото кои се извршуваат на територијата на Украина, изјави во врска со ова Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Белата куќа.
-Имаме намера да продолжиме да ги помагаме меѓународните органи затоа што тие собираат докази и веќе започнаа со нивна анализа, рече тој. кб/