• недела, 22 декември 2024

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан за 24 до 48 часа

Белата куќа ги повика Американците да го напуштат Судан за 24 до 48 часа

Вашингтон, 28 април 2023 (МИА) - Ситуацијата во Судан може да се влоши во секој момент и Американците треба да ја напуштат земјата во следните 24 до 48 часа, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„САД се длабоко загрижени поради вчерашната ескалација на прекинот на огнот во Судан, а Стејт департментот за таа цел распореди дополнителен конзуларен персонал“, рече таа.

-Ситуацијата може да се влоши во секој момент, изјави Жан-Пјер.

Та додаде дека САД работат на создавањето повеќе опции за американските граѓани поедноставно да го напуштат Судан.

-САД упатија бродови во регионот за да ја обезбедат сета потребна поддршка долж суданскиот брег, рече таа.

Портпаролката нагласи дека секоја „опција носи ризик. Но, се чини дека ситуацијата нема да се подобри и затоа ги повикуваме Американците кои сакаат да заминат да посегнат по една од опциите во следните 24 до 48 часа“.

Жан-Пјер изјавата ја даде непосредно откако паравоените сили се согласија да го продолжат примирјето за уште 72 часа кога претходниот прекин на огнот договорен со суданската армија, што сè уште се прекршува, истекува на полноќ.

Во конфликтот за стекнување превласт меѓу редовната суданска армија и ривалските Сили за брза поддршка (РСФ), што вчера влезе во својот 13-ти ден, досега се убиени стотици лица, а се заканува да го дестабилизира поширокиот регион. сд/

Остани поврзан