• петок, 22 ноември 2024

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) – Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно ќе биде година на економски бум ако во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на општина Сарај. Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи, пак , истакна дека како Влада и Министерство за транспорт и врски се задоволни од инвестициите што се реализирани во 2021 година, имајќи ги во предвид сериозните предизвици со кои се соочивме како што е пандемијата која влијаеше и на капиталните инвестиции. - Како Министерство за транспорт и врски  имавме реализација над 64 отсто од капиталните инвестиции односно 92 отсто од основниот буџет на Министерството. Без разлика на предизвиците ќе направиме сериозни напори како Влада и Министерство да реализираме што повеќе капитални инвестиции, рече Реџепи. Како Министерство, посочи, имавме сериозни инвестиции во инфраструктурата во однос на проекти од фекалната канализација, водоводните мрежи и патната инфраструктура кои биле заедно финансирани и кофинансирани од Министерството преку разни програми.вј/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан