• сабота, 23 ноември 2024

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Албанската опозицијата денеска беше повикана на средба за да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок. Нивната цел изгледа е само да блокираат, а не да придонесуваат на таквите мерки. Ова го изјави министерот за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање. -Македонската опозиција веќе ги поддржа законите од петиот сет економски мерки. Што се однесува до албанската опозиција денеска ги повикавме да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок и изгледа нивната цел е само да блокираат, а да не придонесуваат за таквите мерки, истакна Бектеши. Апелираше  денеска уште еднаш да најдат сила да ги изгласаат тие законски решенија или да предложат подобрување на тие решенија. Во однос на роковите што произлегуваат од законските решенија од петтиот пакет мерки, рече дека како Влада може да интервентираат во рамки на собраниските комисии и да се продлжат со цел сите компании и сите работници во приватниот сектор да добијат плати и за февруари. Демократската унија за интеграција изутринава најави средба на нејзиниот секретар Артан Груби со секретарите на БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива во врска со претстојниот попис. Но, само еден час подоцна од ДУИ информираа дека средбата се откажува поради, како што соопштија, непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии – Алијанса за Албанците и Aлтернатива. скс/ац/

Остани поврзан