Без струја деови од Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари
- Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром.
Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од Кисела Вода, Шуто Оризари и Аеродром.
Регионалниот центар за управување со кризи од Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ - крак 20 во Усје во општина Кисела Вода, а од 09 до 15 часот, корисниците од ул. Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче во општина Аеродром, како и дел од корисниците лоцирани околу ул. Брсјачка Буна бр. 163. во општина Шуто Оризари. бак/
Фото: МИА архива