• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош

Без струја делови од Ѓорче Петров и Зелениково, а без вода дел од Карпош

Скопје, 20 август 2025 (МИА) - Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 08:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од улиците Рафаел Батино, Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви во Општина Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 08:00 до 15:00 часот, струја ќе немаат и корисниците од ул. 2 во с. Зелениково.

Поради промена на три затворачи на водоводна мрежа, пак, вода од 09:00 часот ќе немаат корисниците на ул. Никола Парапунов бр. 15 во Општина Карпош./

Фото: МИА

Остани поврзан