Без струја делови од Петровец, Сопиште и Гази Баба
- Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците во дел од с.Долно Соње во Општина Сопиште, а од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари во Општина Петровец, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Без електрична енергија денеска од 08.00 до 14.00 часот ќе останат корисниците во дел од с.Долно Соње во Општина Сопиште, а од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари во Општина Петровец, информира ЈП Водовод и канализација - Скопје.
Струја од 08.30 до 11.30 часот, ќе немаат корисниците од с. Чифлик во Општина Сопиште, од 08.30 до 11.30 часот корисниците од с. Катлановска Сушица во Општина Петровец, а од 09.00 до 12.00 часот корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром, Општина Гази Баба.
Фото: МИА