• среда, 15 мај 2024

Без струја делови од општина Карпош и селата Буковиќ и Кучевиште

Без струја делови од општина Карпош и селата Буковиќ и Кучевиште

Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Без струја денеска од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од куќите околу пералната Smartwash на крстосницата на булеварите „Илинден“ и „8 Септември“ и бараките до Факултетот за драмски уметности во општина Карпош.

Како што информира РЦУК-Скопје, по известување дибиено од  ЕВН Македонија АД, од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат и  корисниците од околина на пристапниот пат до манастирот „Св. Архангел Михаил“ и поштата во село Кучевиште во општина Чучер Сандево, а од 9 до 11 часот и дел од корисниците од село Буковиќ во општина Сарај. хс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан