• петок, 14 февруари 2025

Без поголеми земјотреси на Санторини – за 16 дена регистрирани над 16.500 потреси

Без поголеми земјотреси на Санторини – за 16 дена регистрирани над 16.500 потреси

Атина, 14 февруари 2025 (МИА) – Во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморогос во изминатите 12 часа не беа регистрирани поголеми земјотреси од над четири степени, додека пак за 16 дена имало над 16.500 потреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Последниот земјотрес над четири степени беше регистриран вчера попладне кусо пред 18 часот што всушност беа два последователни во период од две минути со јачина од 4,4 степени.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 11 февруари, биле регистрирани над 16.500 земјотреси, од кои над 14.400 биле посилни од 1 степен.

Во вторникот, на 11 февруари имало над 1.100 земјотреси, од кои над 260 биле посилни од 2,5 степени.

За сеизмичката активност, морски истражувања меѓу двата острови се врши и со океанографски брод, а според научниците мерењата покажуваат дека вулканот не е засегнат.

Поради земјотресите, вонредна состојба беше прогласена и на островот Анафи, а иста одлука веќе постои и за Санторини и Аморгос.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени. ср/

Остани поврзан