• четврток, 19 декември 2024

Без инциденти заврши протестот против францускиот предлог, од утре блокади низ државата

Без инциденти заврши протестот против францускиот предлог, од утре блокади низ државата
Скопје, 7 јули, 2022 (МИА) - Пред Собранието вечерва заврши шестиот по ред протест против францускиот предлог за деблокада на евроинтеграциите на државава, којшто помина мирно и без инциденти. Активностите продолжуваат утре со блокади низ државата, а протест повторно е најавен за в недела во 19 часот.   На почетокот на протестот што почна со собир пред Владата претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека дека нема да поддржат какви било уставни измени. - Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати,  изјави Мицкоски. Потоа, учесниците продолжија со марш кон Министерството за правда, каде што пред полицајците симболично положија бели ружи и повикаа на оставка. Оставка се бараше и пред Собранието каде што учесниците, придружени со патриотски песни извикуваа „НЕ“. „Ултиматум - Не Благодарам“ утре продолжува со блокади. - На четири места, во Скопје пред Владата, како и блокирање на магистралните патишта Штип Велес, Струмица Радовиш и Плетвар Прилеп, стои во нивното соопштение. Во сабота, како што наведуваат, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник ќе нема протести. - Продолжуваме масовно со протестирање во Скопје, недела во 19 часот пред Влада, посочуваат оттаму. ар/бт/        

Остани поврзан