• четврток, 17 септември 2026

Без голови на полувреме во Сараево

Без голови на полувреме во Сараево

Сараево, 29 мај 2026 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови во воведните 45 минути на контролниот натпревар вечерва против Босна и Херцеговина во Сараево.

Натпреварот почна со иницијатива на домашната репрезентација која првата идеална шанса за водство ја пропушти во 4. минута кога ударот на Алајбеговиќ од работ на шеснаесетникот се одби од Зајков и заврши во пречката на голот на Димитриевски.

Македонската репрезентација прв пат се закани во 11. минута кога Миовски можеше многу посериозно да ја искористи грешка на домашниот голман.

Одбраната на домашната репрезентација повторно згреши во 32 минута, но овој пат Миовски го лобуваше голманот Зломислиќ, а топката од самата гол линија ја исфрли Радељиќ.

На спротивната страна, БиХ се закани во 37. минута кога Димитриевски го одбрани ударот на Гиговиќ, а домашната репрезентација во последната минута од полувремето повторно ја погоди рамката на голот по ударот со глава на Баждар. ег

ФОТО: ФФМ