Брера Струмица со победа во Андора стартуваше во младинската Лига на шампиони
- Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа вечерва во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0).
Андора ла Вела. 16 септември 2026 (МИА) – Фудбалерите на Брера Струмица со победа стартуваа вечерва во квалификациите во младинската Лига на шампиони, совладувајќи го на гостински терен првакот на Андора, Санта Колома, со 3-0 (0-0).
Македонскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, а отпорот на противникот го скрши во вториот дел.
Бучков во два гола, во 57. и 80. минута ја навести победа на Брера, а триумфот го запечати Кулески во 87 минута.
Реваншот е на програмата на 14 октомври во Струмица.
Со вечерашниот триумф Брера е на чекор да испише историја и да стане првиот македонски клуб што ќе игра во втората квалификациска рунда во младионската Лига на шампиони, во која ќе има многу посилен ротивник во германски Хофенхајм. ег
ФОТО: АП Брера Струмица/Фејсбук