Без вода утре хотел Александар Палас, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“
- Поради дефект Ф-400мм на булевар „8ми-Септември“ во населба Карпош, утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од бул. „Илинден“ до кружниот тек - хотел Александар Палас, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“, информира ЈП Водовод и каналзиација - Скопје.

Скопје, 18 февруари 2025 (МИА) - Поради дефект Ф-400мм на булевар „8ми-Септември“ во населба Карпош, утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од бул. „Илинден“ до кружниот тек - хотел Александар Палас, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“, информира ЈП Водовод и каналзиација - Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Фото: МИА