• сабота, 18 мај 2024

Без вода утре ул. „Коце Металец“ и селата Драчево и Студеничани

Без вода утре ул. „Коце Металец“ и селата Драчево и Студеничани
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Поради технички дефект на ПП хидрант ф-80 мм на ул. „Коце Металец“ 1г, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (од бр.1 до бр.19), информираат од РЦУК - Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на селата Драчево и Студеничани, поради дефект на затворач ф-250 мм на „Јустинијан Први“ бб, пред мостот во Драчево. Водоснабдувањето, како што информираат од РЦУК Скопје, ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот. дма/рп/

Остани поврзан