Без вода утре село Бојане во Сарај
- Без вода утре ќе бидат жителите на село Бојане во Сарај, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје.

Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Без вода утре ќе бидат жителите на село Бојане во Сарај, информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје.
Како што информираат оттаму, прекинот на водоснабдувањето е поради чистење и дезинфекција на резервоарот за питка вода во селото и ќе трае од 8 до 14 часот. ар/нд/