Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топанско поле
- Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улица „Џон Кенеди“ бр.2, зградата на маркет Веро и Поштата, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Топанско Поле од 09:00 часот до завршување.
Скопје, 1 јануари 2025 (МИА) - Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улица „Џон Кенеди“ бр.2, зградата на маркет Веро и Поштата, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Топанско поле.
ЈП „Водовод и канализација„ соопшти дека ќе се изведува водоводен приклучок од Ф 250“ на Ф 80“ на улица „Џон Кенеди“ бр.18, општина Чаир, а прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на планираните активности.лв/
Фото:МИА архива