• понеделник, 23 декември 2024

Без вода утре дел од Ќерамидница

Без вода утре дел од Ќерамидница

Скопје, 13 февруари 2024 (МИА) - Без вода утре од девет часот ќе останат корисници на дел од населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, информираат попладнево од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

- Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре, поради менување на шибер вентил на улицата „516“ без број, во населба Ќерамидница, поточно објектот на „Кентаур импекс“, без вода ќе останат корисниците од улиците број „512“, „515“, „516“ и „520“ во населбата, појаснуваат од РЦУК - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато сѐ до завршување со работењето. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан