• петок, 05 јули 2024

Без вода утре дел од општина Центар

Без вода утре дел од општина Центар

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Поради изведување водоводен приклучок на улицата „Дебарца“ број 63 во општина Центар, дел од општината утре ќе биде без вода, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Од девет часот до завршување на активностите, вода ќе немаат дел од корисниците од улиците „Дебарца“, „Дане Крапчев“, „Славка Недиќ“. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан