Без вода утре делови од Тафталиџе
- Прекинато водоснабдување утре од 9 до 12 часот ќе имаат корисниците во дел од улиците „Багдадска“, „Атинска“ и „Ристо Равановски“ во населбата Тафталиџе, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Скопје, 8 август 2022 (МИА) - Прекинато водоснабдување утре од 9 до 12 часот ќе имаат корисниците во дел од улиците „Багдадска“, „Атинска“ и „Ристо Равановски“ во населбата Тафталиџе, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што информираат, е изведување водоводен приклучок од Ф-100 мм на ул.„Багдадска“ бр.35. рп/лв/