• петок, 13 февруари 2026

Без вода улиците 392 и Пере Тошев

Без вода улиците 392 и Пере Тошев

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Без вода за пиење во моментов се корисниците од улиците 392 и Пере Тошев, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Како причина е наведено реконструкција на водоводна мрежа на крстосницата од улиците.

Од претпријатието додадоа дека водоснабдувањето за овие корисници ќе биде прекинато до завршување со работните активности. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан